Ombudsman
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 10
ВОВЕД
Во современиот свет, еден од најзначајните
сегменти на уставите е гарантирањето на ефикасни средства за имплементација на
човековите права. Задачата на овие механизми е да го претворат правото во
резултат, декларацијата на човековите права во реалност, да бидат превенција за
секое кршење на човековите права и да воспоставуваат баланс доколку дојде до
тоа. Во секоја земја, потребни се институции, кои ќе ги штитат човековите
права. Овие институции се потребни за да ја трансформираат реториката на
човековите права во реалност. Заштитата на човековите права може да се однесува
на заштита од индивидуално кршење на човековите права, и на заштита од општите
правила усвоени од страна на законодавецот или од извршната власт. Овие типови
на заштита на човековите права се во надлежност на судските органи, на
уставниот суд и во надлежност на други несудски органи каков што е омбудсманот.
За успешно вршење на своите функции, овие институции треба да бидат независни
од другите државни органи, и да бидат достапни до индивидуите. Најраширена
неформална институција за заштита на човековите права е омбудсманот, кој
претставува еден вид на медијатор помеѓу државата и цивилното општество.
ПОИМ И ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ИНСТИТУЦИЈАТА
ОМБУДСМАН
Институцијата омбудсман претставува средство за
заштита на правата и слободите на граѓаните, насочено кон вршење контрола над
законитоста, но и целисходноста на преземените дејства и донесените одлуки од
страна на органите на државната администрација. Омбудсманот претставува
парламентарен претставник, должен да постапува по претставките на граѓаните,
како и по сопствена иницијатива, секогаш кога ќе забележи незаконитост во
работата на органите на државната администрација со кои е сторена повреда на
основните човекови права и слободи, а се исцрпени сите правни средства за нивна
заштита.
Институцијата омбудсман има своја долга и богата
историја. Нејзините корени може да се пронајдат уште во древниот Рим, каде што
постоеле "слушачи", кои ги слушале граѓаните и ги советувале за
нивните права во однос на власта. Се јавува и во колонијалниот Бразил, каде што
бискупите ги сослушувале граѓаните и им предлагале решенија за нивните проблеми
со државата. Меѓутоа, ова се само никулци на нешто што многу подоцна, дури во
осумнаесетиот век, ќе се појави како првичен облик на институцијата омбудсман.
Всушност се работи за начин на ограничување на власта на тогашните високи
службеници во нивното однесување спрема луѓето.
Честа прва во својот правен систем да воведе
ваква посебна институција за остварување и развој на законитоста и граѓанските
права и слободи и припаѓа на Шведска. Институцијата омбудсман
(Justiteombudsman) е создадена со Уставот на Шведска од 1809 година, но идејата
за нејзино постоење потекнува уште од времето на владеењето на кралот Карло
ХII. Историските околности, имено, претрпениот пораз од Русија, во битката кај
Полтава во 1709 година, го имаа принудено шведскиот крал да побегне во Турција,
каде што останал во самопрогонство подолго време. Во тој период Шведска ја
карактеризираат бројни немири и нереди, па таквата состојба на работите го
навела кралот во 1713 година, додека престојувал во Турција, да издаде наредба
за формирање посебна служба задолжена за спроведување на законитоста, а
раководена од кралскиот највисок претставник, како човек од доверба и повереник
на кралот. Неговата должност се состоела од спроведувањето на законите и
другите прописи од страна на јавните службеници и правилно извршување на
нивните обврски. Со други зборови, омбудсманот бил поставен како супервизор на
активностите на собирачите на даноци, судиите и другите функционери во нивната
примена на правото. Сепак, во овој период, омбудсманот претставувал дел од
извршната власт, а не од законодавната.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!